Фудбал
10. December 2015 - 13:18

„Граѓаните“ понудија богатство за Икарди

Манчестер Сити е подготвен на Интер да му плати 40 милиони евра за напаѓачот Мауро Икарди, кој минатата сезона постигна 22 гола во Серија А.
 
Аргентинецот, оваа сезона иако ја доби капитенската лента, не е премногу стандарден во тимот на Роберто Манчини, поради што има постигнато само четири гола.
 
Според пишувањето на La Gazzetta dello Sport, покрај Сити интерес за 23-годишниот напаѓач покажуваат и лондонските клубови Челзи и Арсенал.
 
Инаку, скаутите на Манчестер Сити процениле дека Икарди во иднина уште повеќе ќе ја унапреди својата игра, поради што и му препорачале на менаџеорт Пелегрини да се обиде да го реализира овој трансфер.