Граѓаните на Црна Гора денеска гласаат на парламентарни избори
Во Црна Гора денеска се одржуваат парламентарни избори, четврти по прогласувањето на независноста, а избирачките места ширум земјата беа отворени утринава во 7 часот, јави Танјуг.
Гласањето се смета за своевиден референдум „за“ и „против“ членството на земјата во НАТО и Европската Унија.
На изборите се избираат 81 пратеник, а право на глас имаат 528.817 избирачи запишани во избирачкиот список.
На изборите учествуваат 17 листи, а изборниот цензус изнесува три отсто.
Изборите ги следат повеќе од 2.607 набљудувачи, од кои околу 500 се странски.
Избирачките места ќе се затворат во 20 часот, а првите неофицијални резултати ќе бидат објавени околу 21 часот.
На сите досегашни избори Демократската партија на социјалистите, на премиерот Мило Ѓукановиќ освојуваше убедлива победа, заедно со коалициските партнери - социјалдемократите и некои партии на малцинствата. Годинава, меѓутоа, ситуацијата ќе биде незивесна до последен момент заради силната опозиција, која, според власта, е финансирана од Москва и од руски, српски и црногорски олигарси.
Аналитичарите прогнозираат дека во случај на пораз на владеачката коалиција, земјата ќе направи остро свртување во својата надворешна политика и тоа може да го распали национализмот, внатрешните тензии, нестабилноста и ширењето на кризата во регионот.
Црна Гора досега има отворено 25 поглавја во преговорите за членство во Европската Унија и е блиску до затворањето на две од нив.
Ново на Сител
-
Грчката амбасадорка Филипиду ja напушти седницата, Силјановска-Давкова во заклетвата користеше Македонија
-
Маж со автомобил прегазил жена во Чаир
-
Украдени документи и компјутери од Управата за матични книги во Прилеп
-
Струмица: „Фиат“ удрил во електричен тротинет, повредено едно лице
-
Приведен бегалец од затвор баран со потерница
-
Почина пациентот на кој за прв пат во светот му беше трансплантиран бубрег од свиња
-
Македонија оди на сè или ништо против Фарски Острови
-
Трговски центар во Варшава со 1.400 продавници изгоре во пожар | ВИДЕО