Граѓаните бираат меѓу кандидатите на 11 коалиции и партии

На деветите парламентарни избори во Македонија, четврти предвремени од 2008 година наваму, учествуваат 11 коалиции и партии со 58 листи и 1.092 кандидати. Гласачките ливчиња ќе бидат на македонски јазик, а во средините каде има повеќе припадници на етничките заедници и на нивните јазици.
Под реден број еден на избирачкото ливче е Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, под редниот број два - Демократската партија на Албанците (ДПА), тројка е Демократската унија за интеграција (ДУИ), а четири Коалицијата предводена од СДСМ. Под број пет на избирачкото ливче е Коалицијата „За промени и правда-Трет Блок, шеста е Партијата за демократски просперитет (ПДП), седма Коалицијата „Алијанса за Албанците“, осма Либералната партија, деветта ВМРО-За Македонија, десетта на избирачкото ливче е Движењето БЕСА и 11-та политичката партија Левица.
Коалициите и партиите под овие редни броеви настапуваат во сите изборни единици.
Коалициите предводени од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, ДУИ и ВМРО за Македонија имаат по 123 кандидати, Коалиција за промени и правда 120, ДПА, Либерална партија и Левица имаат по 100 кандидати, Алијанса за Албанците и БЕСА имаат по 80 кандидати и ПДП 20.
Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, коалицијата предводена од СДСМ, Коалицијата за промени и правда - Трет блок и Коалиција ВМРО за Македонија имаат кандидатски листи за сите шест изборни единици и за дијаспората.
ДПА има кандидатски листа во Првата, Втората, Третата, Петата и Шестата изборна единица.
ПДП има кандидатска листа само во Изборната единица 6, а Либералната партија во Првата, Втората, Третата, Четвртата и Петата изборна единица.
Левица има кандидатски листи во Првата, Втората, Третата, Четвртата и Петата изборна единица, а Движењето Беса во Првата, Втората, Петата и Шестата изборна единица. Коалицијата „Алијанса за Албанците“ има листи во Првата, Втората, Петата и Шестата изборна единица. ев/са/07:00
Ново на Сител
-

Притвор за 65-годишен раководител на образовен центар во Штип, допирал по телото малолетни ученички
-

Савевски: Предметот за мазутот не е рефиниран
-

Путин најави распоредување на „најмоќната ракета во светот“ до крајот на годината
-

Неизвесно е дали хантавирусот на крузерот мутирал
-

Силно невреме го зафати регионот: Град во Србија, хаос во Загреб и прекин на сообраќајот во БиХ
-

Стефан Мелник освои сребрен медал на Светското првенство за слабовиди и слепи шахисти
-

ОЈО ГОКК ја затвори истрагата за снабдувањето со мазут за ТЕЦ Неготино, нема основано сомнение за кривични дела во предметот
-

Почнува јубилејниот 70. Евросонг
