Македонија
22. July 2015 - 19:48

Градскиот базен во Штип ги отвори вратите за децата со посебни потреби

Градскиот базен во Штип ги отвори вратите за децата со посебни потреби. Поради пеколните температури, но уште повеќе заради потребата да се почуствува детското секојдневие на нивните врсници, Центарот за посебни потреби секоја среда организира посета на базенот, каде можат да научат да пливат.

Успешно го реализираме проектот за учење на пливачките вештини. Децата се во сигурни раце, во рацете на професионалците од пливачката школа и верувам дека ќе направиме солидни подготовки за стекнување на пливачки вештини-изјави Дејан , директор на Центарот за посебни потреби –Штип

Подршка на проектот даде и локалната самоуправа, а првиот човек на општината вети дека веќе од следната година ќе бидат направени напори истите да имаат бесплатно летување во еден од нашите туристички центри.

Да поминат по неколку дена за да почуствуваат дека и тие се дел од државата, а ние како локалнат заедница мораме да водиме ред за тие деца- изјави Илчо Захариев- градоначалник на Штип

Проектот за инклузија на децата со посебни потреби во пливањето за прв пат се реализира оваа година и претставува одличен пример кој треба да биде прифатен и од останатите Центри во земјава.