Градоначалникот на Москва најави бесплатни вакцини против Ковид-19
Вакцинацијата против коронавирусот ќе биде бесплатна, изјави градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин.
– Штом се појави, ќе започнеме со кампања за вакцинирање. Вакцинацијата ќе биде бесплатна. Сите амбуланти и поликлинички мрежи ќе работат на тоа. Секако, оваа година треба да ја зајакнеме вакцинацијата против грип за да немаме две есенски епидемии, изјави Собијанин за телевизија „Русија 1“.
Градоначалникот на Москва рече дека поради зголемувањето на бројот на тестови расте бројот на откриени случаи на коронавирус, но и дека, сè на сè, состојбата се подобрува.
Собјанин претходно изрази надеж дека вакцината ќе биде регистрирана во наредните недели. После тоа, градските власти планираат да воспостават соработка со производителите за да ги испорачаат препаратите во потребните количини.
Во Русија најмалку 17 научни центри работат на вакцина против Ковид 19.
Ново на Сител
-
Таравари е против нови избори во Гостивар
-
Владејачките партии се соочуваат со изборниот пораз
-
Тема на денот со Крешник Бектеши, ДУИ
-
М-ТЕЛ стана партнер на Д-фестивал
-
КРКА ја презентираше мобилната апликација ФЛЕБИ
-
Вреди убедува 4 пратеници од фронтот на Ахмети за промена на страната
-
Во јавен сектор најмногу се вработувало една година по промена на власта
-
ВО ЖИВО: 4 неуспешни обиди за гласање за нов претседател на Уставниот суд