Градоначалникот на Москва најави бесплатни вакцини против Ковид-19
Вакцинацијата против коронавирусот ќе биде бесплатна, изјави градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин.
– Штом се појави, ќе започнеме со кампања за вакцинирање. Вакцинацијата ќе биде бесплатна. Сите амбуланти и поликлинички мрежи ќе работат на тоа. Секако, оваа година треба да ја зајакнеме вакцинацијата против грип за да немаме две есенски епидемии, изјави Собијанин за телевизија „Русија 1“.
Градоначалникот на Москва рече дека поради зголемувањето на бројот на тестови расте бројот на откриени случаи на коронавирус, но и дека, сè на сè, состојбата се подобрува.
Собјанин претходно изрази надеж дека вакцината ќе биде регистрирана во наредните недели. После тоа, градските власти планираат да воспостават соработка со производителите за да ги испорачаат препаратите во потребните количини.
Во Русија најмалку 17 научни центри работат на вакцина против Ковид 19.
Ново на Сител
-
Манчестер Сити четврти пат по ред шампион на Англија
-
За личниот живот и 30 годишната кариера со Суперхикс | Петар Младеновски | Sitel Podcast 038
-
Се урна хеликоптерот во кој патуваше претседателот на Иран
-
Велешанец собирал печурки, во коленото му влегол проектил од огнено оружје
-
Пронајдени мигранти од Ирак и Турција
-
Возач и сопатничка повредени во сообраќајка на експресниот пат Штип-Радовиш
-
Мицотакис ја повикува Силјановска Давкова да избегне „слични незаконски и провокативни“ постапки
-
Стабилна состојба на работникот, кој се здоби со тешки повреди во лифт во штипски угостителски објект