Градоначалникот на Градско ја разреши директорката на училиштето по случајот на булинг
Градоначалникот на Општина Градско, Киро Нацков соопшти дека ја разрешил директорката на ООУ „Даме Груев“, каде што ученик подолго време бил жртва на врсничко насилство.
Нацков, исто така, апелираше сите засегнати институции да преземат одговорност.
Според него, иако е пријавено во МВР и Центарот за социјални работи, сепак се уште нема никаква реакција од нивна страна по однос на овој случај.
– Апелирам до МВР, Центарот за социјални работи, Државниот инспекторат за образование и сите надлежни да го испитаат детално случајот и онаму каде треба да се помогне, а онаму каде треба да се сноси одговорност. Уште еднаш апелирам дека иднината на нашите ученици и деца е најважна и мораме да бидеме сите со високо ниво на свест. Ова не смее уште еднаш да се повтори, објави Нацков на својата Фејсбук страница.
Ново на Сител
-
КСЗД го презентираше извештајот за минатата година
-
Две лица осомничени за поткуп – се чека притвор за врховниот судија
-
Почнува процесот на прегласување за парламентарните избори
-
Преглед на вестите од светот
-
Уапсен врховниот судија Наке Георгиев фатен на дело со 10,000 евра мито
-
Приведен судија од Врховен суд за примање поткуп
-
Тема на денот со Срѓан Керим
-
Преговорите за Влада во напредна фаза, ВМРО-ДПМНЕ инсистира на квалитетни кадри од албанскиот партнер