-->
-->
Градоначалникот на Чернихив вели дека градот е целосно уништен
-->
Градоначалникот на Чернихив изјави дека овој северен украински град е уништен од руските војници.
– Градот е целосно уништен, рече денеска Владислав Атрошенко, додавајќи дека во изминатите неколку недели убиени се над 200 цивили.
Градот, кој се наоѓа во близина на границата на Украина со Русија и Белорусија, сега има само половина од вообичаените 285.000 жители, рече тој.
Атрошенко ги опиша моменталните услови во градот како катастрофални. Чернихив беше без струја, рече тој, и беше невозможно да се воспостават коридори за евакуација бидејќи руските сили го уништија мостот што води кон Киев. Сепак, градот нема да се предаде, вети Астрошенко.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Просечна излезност до 13 часот
-
ОБСЕ: Утре ќе ги соопштиме заклучоците
-
Просечна излезност до 11 часот
-
Просечна излезност до 9 часот
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Изборна статистика
-
Масовна посетеност на струшката литија
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени