Градоначалникот Јакимовски во работна посета на Хрватска

На покана на градоначалникот на Биоград на Море Иван Кнез, градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски престојува во официјална посета на оваа позната туристичка општина во Република Хрватска.
Јакимовски беше гостин и на свеченото отворање на реномираниот фестивал „Гастро стол“, на кој присуствуваше и хрватскиот министер за туризам Антун Климан.
- Двајцата градоначалници ја искористија средбата и за размена на искуства во функционирањето на двете пријателски општини и за зголемување на ефикасноста на администрациите, информира општина Карпош.
Биоград на Море е општина со 5.600 жители, а годишно има 1.300.000 туристички ноќевања. На годинашнава манифестација „Гастро стол“ има повеќе од 1.000 изложувачи на храна и пијалоци. Договорено е идната година и општина Карпош да има свои изложувачи на оваа манифестација.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Џелал Незири, политички аналитичар
-

Петти смртен случај од западнонилска треска во Македонија
-

Активни најмалку 11 пожари, најкритично кај струмичките села Баница и Водоча
-

Најголемиот дел од опозициските партии прифаќаат предвремени парламентарни избори
-

Лефков: Вистинскиот виновник Филипче не седи до нас, рекоа обвинетите за пожарот во модуларната болница
-

СДСМ ќе предложи 3 мерки за подобрување на состојбата на лозарите
-

Цените на бакарот уриваат рекорди, соседите профитираат, а кај нас капацитетите остануваат под земја
