Градежни работи за обнова на улица во населбата Шеста зона во Гостивар

Локалната власт започна со градежни работи на целосна реконструкција на една улица во населбата Шеста зона во Гостивар.
Од Канцеларијата за локален економски развој (ЛЕР) во општина Гостивар нагласуваат дека улицата станала претесна и многу оштетена, а движењето на пешаците на некои делови од тротоарот се одвивало со потешкотии за слободно движење.
– Покрај потребите на жителите од овој дел од соседството, оваа собирна улица служи и како алтернативна транзитна улица, особено кога се зголемува сообраќајот на возила во летните месеци, вели Бесим Догани, одговорен во Канцеларијата за локален економски развој при Општина Гостивар.
Со реконструкцијата, улицата чија должна е 370 метри ќе добие коловоз со широчина од шест метри и тротоари од 1,5 метри ширина од двете страни и нов асфалтен слој. Предвидена е поправка на шахтите и подобрување на уличното осветлување.
За изведувач на градежните работи е избраната фирмата „Ленди Груп“, а вредноста на проектот, според склучениот договор изнесува 5.291.994 денари, а средствата се од општинскиот буџет.
Ново на Сител
-

МВР: Кривична пријава против три лица од Скопје за „насилство врз дете“ за нападот врз 14-годишник
-

Со возило ја урнал портата од домот на родителите на сопругата, скршил прозорец, па ја нападнал
-

Пожарот кај Исар во Штип под контрола, зафатени фотоволтаици кај Чардаклија
-

Сончев и ветровит викенд, од понеделник можен пороен дожд и грмежи
-

Две возила се судрија на патот Штип-Пробиштип, едно во обид да избегне пламени наноси преминало во спротивна лента
-

Во Франција за една недела починаа речиси 9.000 лица од екстремни жештини
-

Двајца турски државјани се обиделе во Грција да внесат 50 пиштоли наменети за криминални групи
-

Маркетите кои ја имаат зголемено бруто маржата на прехранбените производи ќе бидат повикани на состанок, порача Мицкоски
