Градежни работи во девет средни училишта во Скопје
Скопскиот градоначалник Коце Трајановски денеска го посети средното училиште на Град Скопје „Здравко Цветковски“ каде што летово се менува азбестниот покрив на училишната зграда. Се реконструира и надворешната фискултурна сала, гардеробите и санитарните јазли, а се менува оштетениот паркет.
- За да се подобрат условите во кои учат средношколците, Град Скопје и годинава во текот на летниот распуст ги реконструира средните училишта што се во негова надлежност. Ова лето градежни работи се изведуваат во девет средни училишта, а Град Скопје за реализација на овој проект од буџетот издвои околу 31,3 милони денари, изјави Трајановски.
Во СУГС „Раде Јовчевски-Корчагин“ се заменуваат прозорците, во СУГС „Цветан Димов“ се заменува столаријата и се обновуваат подовите во училишниот објект, а во СУГС „Панче Арсовски“ се реконструираат фасадата и покривот. Во СУГС „Орце Николов“ се работи на реконструкција на прозорците, во СУГС „Никола Карев“ се врши санирање на покривот; во СУГС „Владо Тасевски“ се реконструираат санитарните јазли, во СУГС „Браќа Миладиновци“ и СУГС „Арсени Јовков“ се работи на реконструкција на дворната површина на училиштето.
- Градежните работи кои се во тек, во овие девет училиште треба да завршат до почетокот на новата учебна година. Во текот на изминатите години, од 2009 до 2015 година Град Скопје за реконструкција и санација на средните училишта од Буџетот има издвоено околу 226 милиони денари, рече Трајановски.
Директорката на средното училиште на Град Скопје „Здравко Цветковски“ Драгица Костадиновска истакна дека учениците ќе имаат подобри и побезбедни услови за учениците.
Ново на Сител
-
Поради силни турбуленции повредени се 12 лица на лет на „Катар Ервејз“ на релација Доха-Даблин
-
Скопјанец почина косејќи трева во двор, го усмртил струен удар
-
Дачиќ: Резолуцијата за Сребреница не е правно обврзувачка
-
Ја вознемирувал поранешната партнерка и непочитувал судска мерка, уапсен неготинец
-
Без струја утре делови од Ѓорче Петров и Карпош
-
Голема тепачка меѓу навивачи на Олимпијакос и Панатинаикос во Берлин
-
„Од Битола до Вевчани се сардисано“ - годишен концерт на КУД „Дримкол“ Вевчани
-
Млад возач на „јамаха“ заврши во болница по судир со „пежо“