Градежни работи на повеќе сообраќајници во Скопје
Град Скопје соопшти дека викендов 5-ти и 6 август, на поголем број на локации во Скопје се одвиваат градежни работи за подобрување на патната и комунална инфраструктура во Скопје. Поради тоа, на одредени локации се воведени посебни времени сообраќајни режими и учесниците во сообраќајот треба да се движат со зголемена внимателност согласно со условите на патот.
Овој викенд ќе продолжи асфалтирањето на булеварот „Борис Трајковски“, на потегот од поранешната фабрика „Стакларница“ до влезот во населбата Пинтија. Минатата недела почна асфалтирањето на две сообраќајни ленти со цел возилата повеќе да не се движат по земјен пат, а викендов почна и асфалтирањето на другите две ленти.
- Градежни работи се одвиваат и на две ленти од булеварот „Васко Карангелевски“ во Аеродром, каде деновиве заврши нанесувањето на вториот слој на асфалт, од типот сплит мастик. Со завршувањето на овие две ленти, сообраќајот ќе се префрли на нив, додека градежната механизација ќе започне со отстранување на оштетениот асфалт од другите две ленти, информира Град Скопје.
Во рамките на проектот за реконструкција на коловозните ленти пред автобуските стојалишта, градежни работи се одвиваат и на булеварот „Александар Македонски“, во близина на спортската сала во Автокоманда.
Градежни работи се одвиваат и на бул. „Партизански одреди“ на потегот од крстосницата на бул. „8 Септември“ до ул. „Френклин Рузвелт“.
Град Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената патна сигнализација и да ја проспособат брзината на движење на условите на патот.
Ново на Сител
-
Последни подготовки за утрешните двојни избори
-
Како тече гласањето во затворот Идризово?
-
Во Прилеп зголемен интерес за гласање кај болните и изнемоштени лица
-
Три лица повредени во тешка сообраќајна несреќа во скопско Влае, едно од возилата преполовено
-
Преглед на вестите од светот
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ