Град Скопје: Тендерот за изградба на БРТ е стопиран поради недостатоци и ризици по животната средина
Град Скопје информира дека меѓународниот тендер за изградба на БРТ е стопиран поради бројни недостатоци и ризици врз животната средина.
-Како што веќе е познато, постапката е стопирана и поради тоа не се пристигнати понуди. БРТ е проект кој според анализите изготвени минатата година за потребите на Град Скопје укажува на бројни недостатоци и ризици врз животната средина, што Градот во никој случај не смее да ги дозволи, велат од Град Скопје.
Според градските власти, самата траса на БРТ на булеварот „Партизански одреди“ минува над главната водоводна цевка за снабдување со вода на Скопје, што само по себе претставува ризик кој може да донесе големи проблеми за самиот град.
Покрај тоа, како што велат, доколку се реализира БРТ, градот ќе остане и без голем број дрвја и зеленило, што ќе влијае на животната средина.
На ваквата одлука на Градот денеска реагираа и од СДСМ, од каде оценија дека потегot на новата градоначалничка е против интересите на скопјани и на директна штета на градот, но и на државата.
Ново на Сител
-
Папата им го честиташе Велигден на православните христијани
-
Скопјанец измамен во менувачница од двајца странски државјани
-
Апсења на аеродромот во Скопје и на границата „Деве Баир“
-
Димовски: Потребна ни е сплотеност и единство за опстојување и сочувување на македонската држава
-
Возач загина откако удрил со возило во надворешната капија на Белата куќа
-
Тешка сообраќајка на патот Дебар-Маврово, двајца повредени
-
Сообраќајот непречено по наместа влажни коловози
-
Бернар Арно прв на листата на најбогати луѓе во светот, Маск на третото место