Град Скопје: Се ревидира зошто Перински вработил речиси 100 лица во ЈП „Водовод и канализација“

Град Скопје соопштува дека по најава од пред еден месец вонредна ревизија на вработувањата кои ги склучил поранешниот директор на ЈП „Водовод и канализација“ Скопје, Златко Перински покажала дека речиси 100 лица се нововработени за неколку месеци.
– Градот Скопје нема да толерира расипничко однесување кое претставува дополнителен товар врз буџетот во услови на економска и енергетска криза. Од тие причини се ревидира оправданоста на новите вработувања во ЈП Водовод и канализација – Скопје. Партизацијата и корупцијата е рак на македонското општество, но и на државните институции кои повеќе од 30 години се деградирани од однесувањето на одредени поединци, се наведува во соопштението на Град Скопје.
Отааму посочуваат дека нема да дозволат средствата на граѓаните да се трошат за вдомување на партиски кадри и нема да дозволат корупција, непотизам и остварување на лични и теснопартиски интереси.
Златко Перински на 9 септември годинава беше разрешен од функцијата в.д. директор на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје поради самоволие и несоодветно постапување во постапка за милионски тендер.
-Град Скопје го разреши Златко Перински, в.д, директорот на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ поради самоволие и несоодветно постапување во постапка за милионски тендер. Поради обиди за влијание кои се сметаат за тенденција која ги потврдува основаните сомнежи на Град Скопје за самоволие и несоодветно постапување во постапката за избор на изведувач на тендер вреден 136 милиони евра, за изведба на пречистителна станица, Перински е разрешен во петокот на 09.09.2022 година, стои во соопштението од Град Скопје.
Ново на Сител
-

Меморијален турнир во чест на загинатите бранители
-

Мостот на Љубљанска готов до крајот на годината
-

Стереотипите се уште ги кочат мажите да одат на психолог или психијатар
-

Регионално решение за проблемот со кучињата скитници
-

Експерти: Mакедонија доби класични бирократски пораки со умерена реторика од Брисел
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

РKE размислува за повеќе евтина струја преку ден и за викенд, нов модел подготвува и за гасот
-

Секој жител во земјава годишно фрла по 86 килограми храна
