Град Скопје работи на сигурно и трајно решение за новиот Луна парк
Скопје заслужува сериозни и трајни решенија. Градската администрација темелно работи и ќе обезбеди сигурно и трајно решение, а скопјани ќе имаат нов и модерен Луна парк, изработен по европски стандарди.
Тоа го изјави скопскиот градоначалник Петре Шилегов, на денешната прес-конференција, прашан за одлуката за стопирање на изградбата на скопскиот Луна парк.
Прашан како ќе се обесштетат фирмите кои потпишале договори и колку од планираните 6,5 милиони се потрошени досега, Шилегов рече дека се е тоа дел од постапката што во моментот ја работат и дека добро планирање ќе ги намали трошоците на градот.
- Тие се тековни пари. Околу 80 проценти се платени. Тоа се договори што јас како градоначалник ги наследив и ќе ги исполнам. Меѓутоа, концептот на Луна парк е сосема поинаква работа и граѓаните не заслужуваат импровизација, рече Шилегов.
За тоа дали Луна паркот ќе оди под концесија, Шилегов посочи дека тоа ќе биде споделено со јавноста, за како што рече, кога работите ќе бидат зрели за споделување.
Прашан колку го чини Град Скопје одржувањето на спомениците од проектот Скопје 2014, Шилегов рече, околу 50 илјади евра годишно, тендер што го добивал „Бетон“.
- Ние ќе направиме Градот Скопје повеќе да не плаќа за тоа и да влезе во програмата на редовно одржување од страна на ЈП „Водовод“, рече Шилегов.
Ново на Сител
-
Уапсен врховниот судија Наке Георгиев фатен на дело со 10,000 евра мито
-
Приведен судија од Врховен суд за примање поткуп
-
Тема на денот со Срѓан Керим
-
Преговорите за Влада во напредна фаза, ВМРО-ДПМНЕ инсистира на квалитетни кадри од албанскиот партнер
-
Во среда прегласување на седум избирачки места, од полноќ изборен молк
-
Предупредувања од Европската Комисија за Преспанскиот договор
-
Владата не дава 100 евра по жител, пораките се лажни!
-
Смртни закани и за градоначалникот на Кавадарци