Град Скопје организираше три едукативни тури за ослободувањето на градот
Три едукативни тури се одржаа во чест на 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје, во кои ученици од средните училишта на Град Скопје имаа можност да се запознаат со клучните настани и локации поврзани со ослободувањето на градот пред 75 години.
Збирното место беше пред Музејот на илегалните работилници за оружје, на кејот на реката Вардар, a низ историските настани поврзани со ослободувањето на Скопје учениците ги водеше Бобан Ѓорѓиевски, професор по историја во СУГС „Кочо Рацин“, соопшти Градот Скопје.
Присутните имаа можност да го разгледаат музејот сместен во некогашната работилница на електромеханичарот Серафим Видовски каде што е формирана првата илегална работилница за оружје во градот, а која работела од почетокот на август до 4 декември 1941 година, и да дискутираат за значењето на овој објект, за изложените експонати и за идејата за слобода.
Како дел од турите, беа и посетите на Споменикот на деветте стрелани скопјани кај Камениот мост и кон плоштадот „Македонија“ каде што учениците дознаа нешто повеќе за улогата на плоштадот на денот 13 Ноември.
Турите завршуваа пред Споменикот на ослободителите пред Владата на Република Северна Македонија каде што се говореше за настаните поврзани со заземањето на некогашната Женска гимназија.
Ново на Сител
-
14-годишник ненадејно починал во битолско, му се слошило додека бил на роденден
-
Галант го информира Блинкен за операцијата во Рафа
-
УКИМ повторно рангиран на 1.990 место од 2.000 најдобри универзитети во светот
-
Претседателката ќе се придржува до официјалната примена на уставното име, во јавни настапи има лично право на самоопределување, велат од кабинетот на Силјановска Давкова
-
Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат
-
Еруптираше вулканот Ибу во Индонезија
-
Тројца уапсени во Велика Британија поради соработка со разузнавачката служба на Хонг Конг
-
Во Косово досега попишани над 1,42 милиони лица, дел од Србите „се двоумат“