Град Скопје: Mерењета се уште не се завршени
Градот Скопје вечерва испрати информација во која се вели дека мерењата на мостот не се завршени.
„Институтот за сеизмологија по санацијата даде упатство дека потребно е да се изврши испитување на мостот со пробен подвижен товар за да се увиди во каква статичка и динамичка состојба се наоѓа истиот по заршената санација.
Испитувањето на мостотот со пробен подвижен товар се врши согласно изработена програма од времето кога е извршена изградбата на мостот и пред негово пуштање во конечна употреба, согласно сите стандарди и прописи за ваков тип на објекти. Врз основа на отчитувањата, односно извршената оскултација, од добиените отчитани параметри се изготвува Студија за стабилност со која се докажува дали мостот е безбеден за целосно пуштање во функција. Мора да се напомене дека Град Скопје постапува исклучиво согласно препораките од експертизата од ИСОГКП дека мостот може да биде ставен во функција со само двете крајни коловозни ленти, се до завршувањето на пробното товарење.
Вршењето на оскултацијата, согласно изработената студија се врши во повеќе фази и во различни временски услови. Поради таа причина, произлегува долготрајноста на процесот на самото пробно товарање и добивање на соодветни резултати како би се утврдила правилната носива состојба на мостовската конструкција.
Треба да се има во предвид дека иако ЕСМ изврши санација на мостот, Град Скопје сеуште нема добиено официјално никаква документација во однос на извршената санација“, велат од градот Скопје.
Ново на Сител
-
Трамп: САД немаат ништо со нападот врз Иран
-
Херцог жали за жртвите од иранскиот ракетен напад: Многу тажно и тешко утро
-
Три сообраќајки вчера во Тиквешијата
-
Несреќа со воздушни балони во Турција: Еден загинат, 19 повредени
-
Смртниот биланс од иранските напади врз Израел се искачи на 10 лица
-
На „Богородица“ и „Табановце“ се чека околу половина час за влез и излез од државава
-
Ирански ракетни напади врз Израел: Осум загинати, над 100 повредени
-
Трамп на воената парада во САД: Нашите војници доаѓаат по секој што ја загрозува Америка