-->
-->
Грабул со скок во сингл конкуренција
-->
Настапот во финалето на вториот фјучрс во Скопје на македонскиот тенисер Димитар Грабул му донесе скок од 705 места и со 11 поени се наоѓа на 1002 места на АТП листата.
Од македонските тенисери најдобар ранг има Томислав Јотовски, кој се наоѓа на 701.то место со 34 поени и има скок од 14 позиции.
Рангот на другите македонски тенисери е следен: Стефан Мицов 1.483 место (3 поени), Горазд Србљак 1.667 место (2), Бојан Јанкуловски 2.010 место (1) и Бесир Дургути 2.145 место (1).
На врвот на АТП листата нема промена меѓу првите пет играчи: Новак Ѓоковиќ, Енди Мареј, Рожер Федерер, Рафаел Надал, Стан Вавринка. Финалистот на Вимблдон Милош Раониќ остана на седмото место со тоа што ја намали разликата на пет поени во однос на Кеи Нишикори, додека Мареј ја намали разликата во однос на лидерот Ѓоковиќ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со проф.Борче Давитковски
-
Жителите на с. Љубојно со денови протестираат против сечата на дабова шума
-
Трамп подготвува средба помеѓу Зеленски и Путин
-
Државата го доби Казандол на арбитража и заштеди 115 милиони евра
-
Притвореници не се спроведуваат на судења поради недостиг на затворски полицајци
-
Лице кое било под лупа на ДКСК кривично ја гони екс претседателката
-
Меџити и Ѓорѓиевски не очекуваат хаос со изборните листи – Зелен Хуман град собира потписи за нова партија
-
ДИК не донесе упатство