Грабар-Китаровиќ: Договорот за името е многу добар
– Хрватската претседателка, Колинда Грабар Китаровиќ за хрватските медиуми пред Самитот на НАТО изјави дека се надева дека Договорот за името ќе помине на референдум и порача дека го оценува како многу добар, бидејќи се зачувуваат зборовите Македонци и македонски.
- За нас е посебно важно да се стабилизира југоистокот на Европа, драго ми е што ќе се упатат позитивни пораки за Македонија, која постигна договор со Грција. Верувам и се надевам дека ќе биде потврден на референдум, кој е историски. Ги разбирам чувствата на некои Македонци. Меѓутоа сметам дека овој Договор е исклучително добар, бидејќи освен што со името Северна Македонија, грчкиот дел станува Јужна, сепак се споменува Македонци и сѐ друго. Мислам дека е тоа добар компромис и се надевам дека сите ние во НАТО ќе и помогнеме на Македонија да го заврши процесот, но пристапувањето може да се очекува дури за година, година и половина. Она што е важно е што Македонија во меѓувреме може да учествува на состаноците без право на глас, изјави хрватската претседателка.
Ново на Сител
-

Младите во Радовиш ослободени од комуналии
-

Ќура - работиме на предлог закон за плажи
-

Вечерва заседава Советот за безбедност на државата
-

Тема на денот со Ивон Величковски, Движење Нова Република
-

Војна на Блискиот Исток – одекнуваат експлозии ширум регионот, расте бројот на загинати и повредени
-

Колку македонски граѓани побарале да бидат евакуирани од кризните региони?
-

Разговор со Ангела Николовска, Македонка која живее во Доха, Катар
-

Опозицијата со поддршка за САД во нападите против Иран
