-->
-->
Готов новиот парк кај Комплекс згради „УЗУС“ во Велес
-->

Општина Велес го пушти на користење за граѓаните новиот парк кај Комплексот згради „УЗУС“ во новиот дел на градот. Општина Велес со ангажирање на ЈКП „Дервен“ на овој простор изгради пешачка патека од 370 метри, внатрешни патеки од 300 метри, постави 20 канделабри, а подигна и ново зеленило и постави урбана опрема.
Претходно, во населбата Комплекс „УЗУС“ беше извршена и реконструкција на заленилото кое со години беше запуштено. Исто така, и позади ССОУ „Коле Неделковски“ запуштениот училишен простор од шест илјади метри квадратни е уреден во нова зелена површина.
Од Општина Велес потенцираат дека овие нови активности се од големо значење за подобра животна средина во градот и подобрување на квалитетот на воздухот во интерес на сите граѓани.
Тие информираат дека уредувањето на паркот кај Комплекс згради „УЗУС“ е согласно Програмата за нови зелени површини на Општина Велес за 2019 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Цената на нафтата расте по обраќањето на Трамп за Иран
-

НАСА ја лансираше мисијата Артемис II, прв лет со екипаж кон Месечината по повеќе од половина век
-

Трамп: Војната во Иран ќе заврши многу брзо, исклучително силни напади во наредните недели
-

Возел во спротивна насока, а кога бил запрен му се заканувал на полицискиот службеник, приведен вработен во МВР
-
Без струја делови од Илинден, Кисела Вода и Центар
-
Облачно со дожд, на повисоките местa и снeг
-

Трамп: Американските сили ќе се повлечат од Иран „многу брзо“
-

Алиу: Предлог-законот за заштита од пушење наредната недела на Влада, синхоринизирани сме со сите институции
