Македонија
9. May 2023 - 17:00

Гостиварец сексуално ја вознемирувал ќерката на својата невенчаната сопруга

На 08.05.2023 околу 16.45 часот, полициски службеници на СВР Тетово - Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 51-годишниот М.Б. од гостиварско село, кој во 13.15 часот бил пријавен од неговата 40-годишна невенчана сопруга, со која живееле заедно, дека подолго време ја допирал по телото нејзината малолетна ќерка од првиот брак.

Тој бил задржан во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот.