Гостиварец ранет во стомак, осомничениот приведен

Дваесет и петгодишен гостиварец завршил на скопските клиники откако бил застрелан во стомакот. Полицијата привела едно лице кое се сомничи дека го го ранило момчето.
Според МВР настанот се случил вчера на локалниот пат за село Нистрово-мавровско на местот викано „Ќумурана“. При расправијата, К.У.(51) од Гостивар, со еден куршум од пиштол го погодил Е.М.(24) од с.Здуње во пределот на стомакот, по што го напуштил местото на настанот.
Повредениот бил пренесен во гостиварската болница, но поради сериозноста на повредата бил префрлен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. По превземени мерки од страна на полициски службеници осомничениот бил затекнат како управува патничко моторно возило „Фиат Панда“ со италијански национални ознаки по што бил запрен. Во возилото бил пронајден пиштол „ЦЗ“ калибар 7.62 мм, за кој немал.
Од страна на јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гостивар бил извршен увид. К.У. е приведен и задржан, а се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-

Вардар е нов шампион на Македонија - 12-та титула за нашиот најтрофеен клуб
-

Кремљ соопшти дека се завршени подготовките за претстојната посета на Путин на Кина
-

Уапсен 26-годишен скопјанец кој се обидел да изнуди 8.000 евра од 61-годишник
-

Жена се породила во двор во Конче, новороденчето без знаци на живот донесено во болницата во Штип
-

Приведен 19-годишник кој крадел алкохол од маркет
-

Прегазена 92-годишна жена во Скопје
-

Кривична за маж од гостиварско за демнење на 15-годишно девојче
-

Потврдена епидемија на ебола во ДР Конго
