Македонија
5. August 2016 - 15:29

Гостиварец почина во Градиште

М.Д. (18) од Гостивар синоќа починал на авто-кампот „Градиште“, соопшти полицијата.

Случајот е пријавен од Итната медицинска помош во 20.37 часот.

Увид  извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Охрид.

Телото на починатиот ќе биде пренесено во Одделот за судска медицина при Клиничка болница - Битола за обдукција.