Гости за ноќевање во замокот на Дракула првпат по 1948 година
Во замокот на Дракула во Романија во овогодишната Ноќ на вештерките, на заинтересирани посетители, првпат по 1948 година, ќе им биде овозможено да ноќеваат во оваа трансилванска тврдина.
Во замокот „Бран“ две лица ќе ноќеваат во ноќта меѓу 31 октомври и 1 ноември, благодарејќи на промотивната понуда на американскиот сајт Аирбнд, кој се занимава со резервации на туристички патувања.
Од учесниците на конкурсот се бараше „да го искористат нивниот вампирски дух“ и да замислат што би му рекле на грофот Дракула кога би го сретнале.
Добитниците на наградата ќе бидат соопштени денеска.
На гостите ќе им биде послужена вечера, а потоа ќе останат сами и ќе легнат во мртовечки сандаци обложени со сомот, токму како што според легендите правел и грофот Дракула.
Приказната за Дракула се поврзува со принцот Влад Тепеш, кој навистина живеел во 15. век и бил познат по својата суровост и крволочност при убиствата на неговите противници.
Замокот на Дракула е еден од главните туристички атракции во Романија, со повеќе од 630.000 посетители годишно.
Ново на Сител
-
Во Делчево денеска гласаат 222 болни и изнемоштени лица за претседателските и парламентарните избори
-
Советот на ЕУ го усвои првиот закон за борба против насилство врз жените
-
И во Шпанија студентите подготвуваат протести против Израел
-
Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња
-
Турција: Офанзивата во Рафа е уште едно воено злосторство на Израел
-
Германија поради европското фудбалско првенство воведува контроли на сите граници
-
Курти: Србија пропагира за насилство врз Србите во Косово, а фактите го кажуваат спротивното
-
Одлука за испраќање припадници на АРМ на вежби во Бугарија и Германија и во операција на НАТО во Косово