-->
-->
Гонзалез: Сигурно е дека ќе играме максимално
-->

Во пресрет на утрешниот дуел од Ф4 турнирот во ракометната СЕХА лига, тренерот на Вардар, Раул Гонзалез не смета дека Вардар е фаворит, бидејќи за него секој противник е силен, и секого респектира. Така е и со ППД Загреб, иако нивниот тренер Славко Голужа уште на прес конференцијата најави дека немаат некој императив, освен да одиграат добро.
- Не е тоа ништо. Тоа што го зборува нивниот тренер не е баш така. Не сакам да зборувам кој е фаворит. Вие имате ваше мислење. Јас сакам да се фокусирам на натпреварот. Игравме четири пати сезонава и двапати победивме. Не се знае кој е фаворит. Сигурно е само дека ќе играме максимално, вели Гонзалез.
Сите натпревари меѓу Вардар и ППД Загреб биле неизвесни. Тоа и сега се очекува, особено што хрватскиот првак и нема што да загуби.
Очекувам силен меч и неизвесен меч. И ние имаме доста играчи на располагање, и тие имаат исто така голем ростер. Играат добро 5-1 и 6-0. Треба да нападнеме добро, и да реализираме, зашто во спротивно ќе бидеме казнети, додаде шпанскиот стручњак кој го предводи македонскиот шампион.
Вардар и ППД Загреб првпат сезонава ќе играат на неутрален терен и ќе решат која екипа е поуспешна. Тоа ќе биде полуфиналниот меч од Ф4 турнирот на СЕХА лигата. Вардарци двапати победија, по еднаш во СЕХА лигата и лигата на шампионите сезонава, а исто толку успешни беа и Хрватите.
Натпреварот во рамките на полуфиналето на „Фајнл Фор“ турнирот во Брест се игра утре од 17 часот и 30 минути.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Клековски: Акутната фаза на епидемијата е во смирување
-

Пет пациенти на Инфективна клиника со западно-нилска треска
-

Мицкоски: Следната недела очекувам големо намалување на цените на бензините
-

Градежни активности на нов стадион, инфраструктурни проекти и патна инфраструктура во Општина Илинден
-

Оризопроизводителите бараат слободен увоз на препарати
-

Со 64 гласа Собранието го усвои ребалансот на буџетот
-

Тема на денот со Сања Лукаревска, пратеничка на СДСМ
