Големата кашлица се шири и помеѓу возрасната популација – 70 годишна жена меѓу новозаболените
За три дена 22 нови случаи со голема кашлица се пријавени во скопскиот центар за јавно здравје. Повеќето од новозаразените се деца на школска возраст и некомплетно вакцинирани кои имале контакт со веќе заболено лице ,велат од Центарот. Меѓу новите случаи има и 70 годишна жена за која епидемиолозите ги испитуваат контактите. Досега во главниот град регистрирани се 86 случаи со пертусис. Десетина доенчиња беа хоспитализирани во Клиниката Козе. Таму во моментот на болничко лекување се 2 бебиња на 4 месечна возраст.
-Кај едното доенче е потврдена бактеријата бордетела Пертусис, но тоа е стабилно и засега нема потреба од кислородна подршка, а другото дете е високо суспектно и за него се испратени материјали во ЦЈЗ за лабораториска потврда. И двете се доенчиња на 4 месеци, изјави д-р Мирјана Поповска, педијатар во Клиниката за респираторни заболувања кај децата “Козле”.
И двете 4 месечни доенчиња не биле вакцинирани со Ди-те-пер, велат од Клиниката “Козле”.
Инаку според податоците од ИЈЗ само во Скопје има над 12.600 деца до 7 години кои не се комплетно вакцинирани. По прогласувањето на епидемија имунизаирани се околу 4000.
Освен во главниот град случаи со голема кашлица се пријавени и во Куманово и Крива Паланка.
-
Александар Динев
Сите содржини од овој новинар