Голема акција на полицијата, уапсени 47 лица заради корупција
Српската полиција за шест дена спроведе втора антикорупциска операција при што се приведени 47 лица, соопшти српското Министерство за внатрешни работи.
Во операцијата за спречување на перење на пари, против финансиски криминал и корупција приведени се 47 лица, од кои 19 се обвинети за корупција.
Приведените се осомничени дека од 2005 година до денес извршиле криминал, чии штети се проценуваат на 17,5 милиони евра. Тие се обвинети за затајување на данок, злоупотреба на службената положба, ненаменско трошење на буџетските средства,фалсификување на официјални документи, кражба и други дела.
Меѓу приведените се поранешен шеф во српската Дирекција за стокови резерви, еден лекар, градежни инспектори, инвеститори и други.
Операцијата „Плутон 2“ е продолжение на операцијата спроведена на 1. март во повеќе градови во Србија, при што беа приведени 78 лица под обвинение дека го оштетиле државниот буџер за 10 милиони евра.
Ново на Сител
-
Поднесени 18 приговори до ДИК, роковите течат
-
Течат роковите за приговори
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Полицијата го пронајде виновникот за пожарот на мостот „Беласица“: 37-годишникот е веќе во затвор
-
Се гради помалку, но 5 пати поскапо од лани
-
Течат роковите за приговори
-
Почнуваат преговорите, три до четири министерства за ВРЕДИ во новата Влада
-
Грција во исчекување на позициите на ВМРО-ДПМНЕ за Преспанскиот договор