Голем собир во Црвена Вода по повод годишнината од донесувањето на Манифестот на Генералштабот на НОВ и ПОМ

Со низа свечености и голем народен собир во селото Црвен Вода, Општина Дебрца в четврток ќе го одбележи 3 октомври – Денот на Општината како и 76-годишнината од донесувањето на Манифестот на Генералштабот на НОВ и ПОМ.
На собирот е најавено присуство на бројни делегации на дипломатските мисии во Скопје, а свое обраќање ќе има и претседателот и врховен командант, Стево Пендаровски. Предвидено е пред присутните да се обратат и градоначалникот на Дебрца, Зоран Ногачески, претседателот на Главниот одбор на Сојузот на борците од Народно-ослободителната антифашистичка војна на Македонија, Никола Стојаноски, претседателот на Општинската организација на Сојузот на борци на Охрид и Дебрца и потпретседател Главниот одбор, Гоце Георгиевски.
На 3 октомври 1943 година токму во селото Црвена Вода беше донесен Манифестот на Генералштабот на НОВ и ПОМ, во време кога на чело на Генералштабот бил Михајло Апостолски. Во документот е претставена платформата на НОБ и државноста на Македонија, а Манифестот е потпишан од страна на сите тогашни членови со полни имиња, со цел да се отстранат сомнежите од тогашната пропаганда дека за ослободувањето на Македонија не се борат Македонци, како и да се минимизира целото народноослободително движење.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Марија Андоновска, директорка на ИЈЗ
-

Одрони на патиштата на истокот, „Македонија пат“ 24 часа на терен
-

Филипче го одби Мицкоски за лидерска, тој пак не се откажува од состанокот
-

Инфлацијата лани изнесувала 4,1%, трошоците на мало зголемени за 3,6%
-

100 жители на Кичево евакуирани во спортска сала откако им беа поплавени домовите
-

Поплавени куќи и објекти во Охрид
-

Снежно невреме и поплави во целиот регион
-

Ординациите на матичните лекари полни со болни од грип
