Голем шумски пожар во американската сојузна држава Ново Мексико
Пожарникарите во Ново Мексико не успеаја да го изгасат најголемиот шумски пожар во САД, што се приближува до планинските села.
Поради пожарот илјадници луѓе од долината Мора, околу 60 километри североисточно од Санта Фе, се подготвуваат за евакуација.
– Силниот ветер го разнесува жарот на повеќе од 1,5 километри и го шири пожарот што на 6 април изгоре 303 квадратни километри од планината Сангре де Кристо, уништувајќи стотици домови и згради. Изгледа многу страшно. Со оглед на брзината на ширење, за нас е многу тешко да постигнеме каква било контрола на пожарот, изјави командантот на силите за помош при природни катастрофи Карл Швопе.
Пожарникарите предупредуваат дека денеска ќе има ветер од јужен правец и оти огнот ќе се шири кон селото Мора, кое има 14.000 жители, како и кон градот Лас Вегас.
Експертите наведуваат дека шумите и долините се суви поради екстремната суша која трае повеќе од две децении.
Ново на Сител
-
Одземени лиценците на БЕГ и за дистрибуција и снабдување со топлинска енергија
-
СДСМ: ЕСМ 100 отсто ги обезбедува потребите на домаќинствата по цена далеку пониска од цената на струјата на берзите
-
Поранешен фудбалер на Црвена ѕвезда си ја убил поранешната сопруга
-
Препораки за заштита од високите температури: Да се носи светла и лесна облека и да се пијат повеќе течности
-
КСС со амандман бара покачување на платите во јавниот сектор и финансиска помош за приватниот
-
Лидерите на Г7 загрижени од планот за испорака на руски нуклеарни ракети во Белорусија
-
Девет санкции за возила што вршеле меѓународен превоз на патници без соодветна документација
-
Кабинет на Макрон: Употребата на придавката „Северномакедонци“ е ненамерна грешка