-->
-->
Голем пожар во Скопје: До темел изгорена една куќа а уште три оштетени- соседите ги спасувале децата
-->

Голем пожар во Скопје, една куќа целосно изгорена а уште три оштетени.
Од МВР известуваат дека вчера околу 10часот и 50 минути било пријавено дека во Скопје на улица „Брсјачка Буна“ во Шуто Оризари, од засега непознати причини избувнал пожар во куќата сопственост на48- годишниот А.Џ, кој во моментот на пожарот не бил во домот, а во куќата биле неговите пет малолетни деца и истите навремено биле евакуирани од страна на соседите.
Во соопштението од полицијата се вели дека покрај неговата куќа, која била целосно опожарена, зафатени биле уште три соседни куќи, сопственост на 26- годишниот Џ.Х, на 35- годишниот Ѓ.Ф на двете им биле опожарени само кровните конструкции, и на 42- годишниот Н.Л на чијашто куќа била оштетена фасадата и кровната конструкција од помошен објект.
Пожарот бил изгаснат во 11,45 часот од страна на екипи на Бригадата за противпожарна заштита.
Се работи на целосно расчистување на настанот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Никола Србов, историчар
-

Мицкоски верува во решение преку дијалог со Бугарија - Филипче бара европска иднина
-

ВМРО-ДПМНЕ со 3,5 пати поголем рејтинг од СДСМ
-

Кризната состојба за горивата ќе продолжи до април, намалено ДДВ за дизелот до 20 октомври
-

30.000 вакцини против грип пристигнаа во земјата – имунизацијата за една недела
-

Скопското Кале ќе биде прогласено за културно наследство
-

Оризовите стрништа го палат алармот кај пожарникарите
-

Од 20 - 30 питачи од најмала возраст во Oхрид
