-->
-->
Голем пожар во Шпанија принуди евакуација на 1.500 жители
-->
– Голем пожар на североистокот на Шпанија излезе од контрола, поради што денеска се евакуирани осум населени места и 1.500 жители во провинцијата Сарагоса, соопштија пожарникарите.
Официјалните лица објавија дека ситуацијата е критична во градот Анон де Монкајо и дека приоритет на 300-те пожарникари кои го гаснат пожарот е заштита на човечки животи и населени места.
Шумскиот пожар, што избувна вчера, за помалку од 24 часа се прошири на повеќе од 50 километри.
Пожарникарите најавија дека изгледите за гаснење на пожарот зависат од временските услови, но и дека се очекуваат удари на ветер од 60 километри на час.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
За брзо возење казнети 553 возачи
-
Руската армија тврди дека неутрализирала 31 украински дрон
-
Одложено судењето за „Шпански скали“
-
За прв пат од 2004 година, ниту Ѓоковиќ ниту Надал нема да бидат во четвртфиналето во Рим
-
Главчев и Радев по инаугурацијата на Сиљановска-Давкова: Договорите мора строго да се спроведуваат
-
МНР: Да се почитува Договорот од Преспа - со Грција развивме високо ниво на политички дијалог
-
Реулаторна ќе објави нови цени на горивата
-
Почувствуван земјотрес во Хрватска