Голем интерес за бесплатно вакцинирање против сезонски грип во Велес
Во ЈЗУ Центар за јавно здравје во Велес денеска започна бесплатното вакцинирање против сезонски грип за што оваа здравствена установа доби 1.050 вакцини.
На првиот ден имало голема навалица и само за неколку часа биле вакцинирани 54 претежно стари лица. Д-р Билјана Трајкова епидемиолог од оваа јавна здравствена установа информира дека за разлика од лани годинава може да се вакцинираат сите пензионери над 65 години, без разлика на висината на пензијата како и хронично болни, деца од шест месеци до пет години, бремени жени и здравствени работници.
Таа појаснува дека за да се вакцинираат тие треба да добијат упат од својот матичен лекар преку „Мој термин“.
Трајкова информира дека за Гевгелија и Кавадарци дистрибуирале по 700 бесплатни вакцини, а за Неготино и Свети Николе по 400.
Воедно од понеделникот, па досега со комерцијални вакцини се вакцинирале и 280 граѓани, од кои само денеска 36, а кои не се во категоријата бесплатни. За нив вакцината изнесува 650 денари исто како лани. Инаку ЈЗУ Центар за здравствена заштита годинава добил 1.300 комерцијални вакцини за Велес и Повардарието.
Ново на Сител
-
Да не беше Киан ќе се изгубев себеси | Антониа Гиговска | ПРОфесија | Sitel Podcast 037
-
Грчките медиуми за изјавата на Мицкоски: Нова провокација од Северна Македонија
-
Зеленски: На Украина и се потребни системи „Патриот“ за заштитата на Харков
-
Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024
-
Град Скопје: Дезинсекцијата во Скопје се реализира согласно можноста и временските услови
-
Коалицијата „Вреди“ ја повлече тужбата по одлуката на ДИК за ИМ 0511
-
Две лица тешко ранети, а уште четири полесно во напад со нож во Швајцарија
-
Словачка не воведува вонредна состојба поради атентатот врз премиерот