Голем интерес на земјоделците од велешкиот регион за закуп на државно земјоделско земјиште
На јавниот оглас на Министерството за земјоделство, шумарство и водостoпанство, што заврши на 11 јануари, во Подрачната единица во Велес, се пријавиле 37 заинтересирани земјоделци од поширокиот велешки регион, а во кој се вклучени и земјоделците од општините Градско и Чашка.
Раководителот на ПЕ на МЗШВ во Велес Зоран Наковски, за МИА информираше дека на повикот имало повеќе заинтересираност од претходниот повик, кога се пријавиле 22 земјоделци.
-На претходниот јавен оглас, што беше за закуп на земјоделско земјиште исто така до три хектари, државата нудеше парцели на државно земјоделско земјиште според свој избор. Разликата е што со овој јавен повик земјоделците можеа да бараат по свој избор државни парцели што тие сакаат да ги обработуваат за определен временски период, појасни Наковски.
Имено, Комисија формирана од Владата во наредните денови ќе ги разгледа понудите и ќе донесе одлука за избор на најповолен понудувач, а по донесување на одлуката, министерот ќе склучи договор со сите избрани понудувачи.
Ново на Сител
-
Охрид доби уште една шанса од УНЕСКО, Мицкоски најави рушење на дивоградбите
-
Девојчето чиј татко ја врза за вратот и рацете е згрижено во установа, мајката не сакала да се грижи за него
-
Преглед на вестите од светот
-
6 лица примени во болница по вчерашните пожари
-
ВМРО-ДПМНЕ: Целта на Бугарија е бришење на јазикот и идентитетот
-
Димитриевски: Сакаме во ЕУ но како Македонци
-
Јавниот линиски општински превоз се поатрактивен за штипјани
-
Преглед на вестите од светот