Голем број посетители во бањата Стрновац во Старо Нагоричане
Голем број посетители од Куманово и соседните општини летово одат на базените со топла вода во Стрновац во општина Старо Нагоричане.
Според податоците на Јавното комунално претпријатие „Козјак“ од Старо Нагоричане, под чија надлежност е бањата, дневно базенот со топла вода го посетуваат од 100 до 300 граѓани. Бањата покрај жителите на Куманово и Македонија ја посетуваат и жители од градовите и населените места од југот на Србија.
- Просторот околу бањата го уредивме, поставивме ограда од жици, клупи, уредени се соблекувалните. И годинава се наплаќа симболична цена од 50 денари, изјави в.д. директорот на „Козјак“, Ненад Јакимовски.
Претпријатието се грижи и за хигиената околу базенот. Термоминералниот извор се наоѓа на три километри од општина Старо Нагоричане, на 20-тина минути од Куманово. Протокот на вода, велат од претпријатието, е подобрен, а температурата е константна во текот на целата година и изнесува 39,5 степени целзусови.
Водата од Стрновац извира од длабочина од 200 метри природно без пумпи, а кај корисниците постои верување дека лекува од ревматски и други видови заболувања. Водата во оваа бања за прв пат избила на површина во осумдесетите години од минатиот век и оттогаш масовно ја посетуваат жителите на регионот. Изворите на термоминерална вода се до самата река Пчиња и месноста е опкруженa со зеленило.
Ново на Сител
-
Силен земјотрес регистриран во западниот дел од Турција
-
Нетанјаху: Целта на Израел не е да ја окупира Газа, туку да ја ослободи од Хамас
-
Четири пациенти со тешки повреди примени на хируршките клиники во Скопје, по вооружена пресметка во Тетово
-
Вeнс: Се одредува датумот на средбата меѓу Путин и Зеленски за завршување на војната
-
Едно лице е убиено во напад со автоматска пушка во Тетово
-
Началникот од Демир Хисар ќе биде разрешен
-
Таксист од Гевгелија нападнат и ограбен од двајца патници
-
Скопјанец прегазил две 80-годишни жени на крстосница