Голеада во Саутемптон

Англија и Косово пак, одиграа интересен меч во Саутемптон, во кој домаќините славеа со 5:3 за четврта победа во четврти меч и во исто време нанесувајќи им го првиот пораз на Косовците од 2017 година.
Ваљон Бериша во самиот старт на натпреварот донесе водство за Косовците, но Рахим Стерлинг веќе во осмата минута израмни на 1:1, пред Хери Кејн во 19. минута да постигне гол за водство на тимот на Герет Саутгејт. До полувремето во голот на гостите имаше 5 гола, Војвода си постигна автогол, па надежта на англискиот фудбал, Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд додаде два гола, негови први во дресот на „трите лава“.
Во второто полувреме, Косово успеа да постигне два гола, прво преку Бериша во 49. минута, а потоа преку Муриќи од пенал шест минути подоцна. И Англичаните имаа пенал во 65. минута, но Хери Кејн не беше прецизен.
Светскиот шампион Франција со 3:0 со головите на Коман, Ленгле и Бен Једер стигна до рутинска 3:0 победа над Андора, но Антоан Гризман, втор меч едноподруго утна пенал.
ЕВРО 2020, КВАЛИФИКАЦИИ
ГРУПА А
Црна Гора – Чешка 0:3
Англија – Косово 5:3
Табела: 1.Англија 12, 2.Чешка 9, 3.Косово 8, 4.Црна Гора 2, 5.Бугарија 2
ГРУПА Б
Литванија – Португалија 1:5
Луксембург – Србија 1:3
Табела: 1.Украина 13, 2.Португалија 8, 3.Србија 7, 4.Луксембург 4, 5.Литванија 1
ГРУПА Х
Албанија – Исланд 4:2
Франција – Андора 3:0
Молдавија – Турција 0:4
Табела: 1.Турција 15, 2.Франција 15, 3.Исланд 12, 4.Албанија 9, 5.Молдавија 3, 6.Андора 0
Ново на Сител
-

Сиљановска-Давкова: Патеки кон демографска отпорност во согласност со потребите на луѓето
-

Велешанка била измамена со СМС порака за наводно сторен сообраќаен прекршок
-

Андоновска: Нема простор за паника, бидејќи не постои опасност од појава на хантавирусот, ниту ризик за македонските граѓани
-

Ким Џонг-ун најави дополнително јакнење на воените капацитети на Северна Кореја
-

Кривични пријави против управители и вработени во Агенцијата за управување со одземен имот за злоупотреба на јавна набавка
-

Отворена истрага во САД за можно инсајдерско тргување со нафта во вредност од 2,6 милијарди долари за време на војната со Иран
-

Италија е најдобрата туристичка дестинација за „соло“ патувања во 2026 година
-

Бугарскиот парламент ја избра владата на премиерот Румен Радев
