Гојковиќ: Новата српска влада ќе биде гласана до крајот на следната недела
Новата српска Влада на мандатарот Ана Брнабиќ до крајот на следната недела треба да биде утврдена во Парламентот, изјави денеска претседателката на Парламентот, Маја Гојковиќ, пренесе ТАСС.
Според парламентарните процедури, Брнабиќ треба од Парламентот да побара специјална седница, на која ќе се ислуша нејзиното експозе и да бидат разгладени составот и програмата на идната влада.
Гојковиќ смета дека расправата за владата ќе трае неколку дена, но до крајот на следната недела Србија ќе го добие новиот владин кабинет.
Претседателката на Парламентот потврди дека претседателот Александар Вучиќ веќе го поднел до Парламентот официалниот документ, со кој на Ана Брнабиќ и го дава мандатот за состав на новата влада.
Доколку предложената влада од Брнабиќ биде утврдена од Парламентот, тоа ќе биде 15-та влада по ред од 1990 година, кога во Србија беше воведен повеќепартискиот систем.
Се очекува формирањето на новиот кабинет да заврши до 22 јуни, за да може владата во полн состав да присуствува на церемонијата на стапување на должност на претседателот Вучиќ, закажана за 23 јуни.
Ново на Сител
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
СДСМ избра дел од кандидатите за градоначалници
-
Тема на денот со Никола Димитров
-
Кратово доби мултинаменски спортски центар
-
Штипска Апелација одлучи предметот за „Пулс“ да го препрати на Врховен
-
Поранешните директори на Онкологија одат во притвор
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
Мерко осуден на казна од 10.000 евра за незаконско именување директори