Годинава над 20.000 мигранти го преминаа Ла Манш за да стигнат до Велика Британија

Повеќе од 20.000 мигранти, кои доаѓаат од Франција, досега годинава го преминаа Ла Манш со мали чамци за да стигнат до Британија, јави ДПА, повикувајќи се на податоци од британската влада.
Бројот на мигранти кои вчера го преминаа Каналот изнесуваше 607, трет пат годинава бројот на мигранти да надмине 600 во еден ден. Вкупниот број на мигранти годинава достигна 20.017.
Минатата година британските власти регистрираа 28.526 мигранти кои пристигнале на британска територија откако го преминале Ла Манш. Минатата година во ова време бројот на овие мигранти изнесуваше нешто повеќе од 11.300.
Досега во август се регистрирани 3.618 мигранти, од кои 1.694 пристигнале во Велика Британија во изминатата недела.
Најголем дневен број на мигранти годинава е забележан на 1 август, кога Ла Манш го преминале 696 со 14 пловни објекти – т.е. на еден брод во просек имало по 43 луѓе.
Ново на Сител
-

Рекордна наплата на македонските патарини - 67,6 милиони евра за една година
-

Ѓорѓиевски најави катна гаража на Клинички
-

Традиционално првојануарско оро во Дебар Маало
-

40 загинати и над 100 повредени во пожар за време на новогодишна прослава во Швајцарија
-

Бурна ноќ за полицијата и лекарите: Убиство, пресметки и тешки повреди од пиротехника
-

30 лица на Токсикологија
-

Првото бебе во новата година е девојче – 2026 ќе биде плодна и бериќетна
-

Среќна Нова 2026 година
