Година на бегалска криза, тероризам, напади...

Танјуг - Белград
Бегалската криза, најлоша со која Европа се соочила од Втората светска војна и нападите во Париз, ја одбележаа годината зад нас, објави Германскиот Маршалов фонд, наведувајќи дека тероризмот и терористичките закани на Исламската држава, претставуваат предмет на најголема загриженост на трансатланските партнери во 2015 година.
Во анализата која е „плусеви и минуси‟ на годината која веќе е на крај, Маршаловиот фонд наведе дека на самиот почеток на 2015 година најголема загриженост предизвика Кремељ, но дека тоа многу брзо се промени по терористичките напади на канцелариите на „Шарли Ебдо‟ во Париз.
Следеа уште смртоносни напади, инспирирани од Исламската држава; повторно во Париз и Сан Бернардино во Калифорнија, со што се „обезбеди‟ тероризмот и заканите на Исламската држава да преземат водечко место.
Приказна на годината е бегалската криза иако всушност тоа е криза „која САД ја препушти на Европа таа самата да ја решава‟.
„Како што бројот на бегалците кои доаѓаат во Европа драматично се зголемуваше и зголемуваше, Европа се соочи со најлоша бегалска криза од Втората светска војна. Тоа беше приказна преполна со човечки трагедии, но и надежи, како и логистичка и политичка борба која ја откри поделбата внатре во Европа и заедниците од двете страни на Атлантикот‟ - објавено е на сајтот на Маршаловиот фонд.
Како позитивни настани во оваа година, Маршаловиот фонд го издвои историскиот договор за нуклеарната програма на Иран, кој на 14 јули со Техеран го потпишаа САД, Франција, Русија, Кина, Британија и Германија.
Вториот настан е усвојувањето во Париз на глобален договор за борба против климатските промени и глобалното затоплување на планетата. Се потсетува дека договорот го постигнаа претставници на 195 земји, по 20 години напори во борбата против климатските промени.
Третиот настан е обединетиот американско-европски став кон „руската агресија на источните граници на Европа‟.
Како четврти позитивен настан е поканата на Црна Гора да стане 29 земја членка на НАТО.
Таа покана е потврда на политиката на „отворени врати‟ на Алијансата, како и одговорот на Русија која на „продлабочувањето на евроатланските и европските врски со источноевропските народи гледа како на провокација‟.
Како негативен настан е издвоена поделбата околу новата регионална Азиска банка за инфраструктурни инвестиции (AIIB).
Ново на Сител
-

ДЗС: Безбедно отстранета ретка неексплодирана минофрлачка граната од 70 mm од Првата светска војна
-

Сообраќајот низ државните патишта се одвива во зимски услови, сите патни правци се проодни
-

Сакам да кажам со Горан Михајловски | Неформално | Sitel Podcast 134
-

Двајца мажи пронајдени мртви во викендица
-

Трамп: Го откажав вториот бран напади врз Венецуела
-

Почина жената што беше прегазена утрово кај ТЦ Беверли Хилс
-

16-годишник монтирал слики со експлицитна содржина од малолетничка во Куманово
-

Препознатливиот навивачки „брк“ Ристо Шиц ќе патува со Фалангата во Данска на ЕП
