Македонија
14. March 2024 - 16:25

Го удриле со пиштол по глава па му го оштетиле автомобилот, тепачка кај Кванташки пазар

На 13.03.2024 околу 16.30 часот во СВР Скопје, С.Ј.(33) од Скопје пријавил дека пред влезот на Кванташки пазар, тој и неговиот пријател М.Р. биле физички нападнати од неколку лица, од кои едно од нив со пиштол го удрило по главата.

Според пријавеното, лицата го оштетиле и неговото патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.