Свет
9. February 2019 - 16:27

Го шокираше водителот во студиото: Гостинка дојде на интервју, го соблече палтото и ја откри голата вистина за Брегзит

Водителот на Би Би Се Џон Хармис се шокираше кога економистка од Универзитетот Кембриџ на интервју се појави гола.

Д-р Викторија Бејтмен кој често и предава гола, го изненади овој ветеран меѓу водителите која ја соблече јакната и ја продолжи дебатата за Брегзит без облека.

Водителот откако ја виде се збуни и почна да пелтечи.

„О, гледам дека се голи“, рече и им објасни на слушателите дека Бејтмен на телото има испишани зборови „Брегзит ќе ја остави Британија гола“.

Се уште не е познато дали од Би Би Си знаеле за намерата да се соблече во текот на интервјуто. Слушателите тврдат дека водителот видно се збунил додека Бејтман го опишувала Брегзит како „момент на царевото ново одело“. Хамрис во текот на интервјутот и рече на својата гостинка дека во текот на интервјуто го поткопала својот аргумент така што не носи облека и дека тоа го навредува сензибилитетот на големото мнозинство од британската јавност.

Интервјуто со неа било договорено ден порано на Твитер кога се расправала со новинарот Пирс Морган и објави видео снимка на која гола говори за женските права ширум светот.

Морган нејзината снимка ја нарече смешна и и рече да се облече за да не настине. Извори од Би Би Си велат дека нејзината голотија на интервјуто е одговор на негативните коментари, како и поради тоа што нејзиното предавање за Брегзит во јануари предизвика бура во јавноста.

Во интервју објасни дека натписот на нејзиното голо тело носи три важни пораки. Првата е дека Брегзит ја соголува британската економија. Втората е дека Брегзит носи антимигрантски чувства околу кои Велика Британија како општество би требало да се загрижи.

„Третата порака е дека Брегзит ги разоткрива и претходните владини неуспеси. Луѓето сега мислат дека поради Брегзит немаат што да изгубат, зошто и така веќе немаат ништо“, објасни таа.

„Напишав илјадници зборови за тоа зошто Брегзит е лош за Велика Британија, но имав потреба сите тие зборови да ги сумирам во една силна порака. Брегзит е царевото ново руво. Британија сама себеси си продаде нешто што не може да го исполни. Секој пат кога ќе отвориме уста нешто да изговориме, повикуваме луѓе да ги слушаат нашите ставови и мислења. Јас во потполност добро се чувствувам во своето тело. Луѓето брзо ги проценуваат жените врз основа на нивните тела“, додаде таа.

„Погледнете го само на интернет двеминутниот дел од моето голо предавање и ќе ги видите коментарите во кои пишува дека сум глупава проади тоа што сум гола„, одговара таа.

„Мажите илјадници години ги контролираа жените и им говореа што да прават со своите тела. Женските тела се користени само за секс и за раѓање. Што не е во ред со тоа модерната жена да ја преземе контролата над своето тело и да го користи за пренесување на најважните политички пораки?“, запраша таа.