ОН го осудуваат зголемувањето на бројот на жртвите и кршењето на основните човекови права на Хаити

– Канцеларијата на ОН за човекови права изрази загриженост поради растечкото насилство во главниот град на Хаити, велејќи дека 99 лица се убиени во неодамнешните борби меѓу ривалските банди само во областа Сите Солеи.
Предупредувањето уследи неколку часа откако Советот за безбедност на ОН едногласно ја одобри резолуцијата со која се обновува мандатот на канцеларијата на ОН во проблематичната карипска земја и се повикуваат сите земји да го запрат трансферот на мало оружје, лесно оружје и муниција на сите кои таму поддржуваат насилство на банди и криминални активности. Хуманитарните агенции на ОН соопштија дека се подготвени да им помогнат на заедниците кои имаат потреба кога тоа ќе биде безбедно, а портпаролот на УНХЦР Џереми Лоренс ги објасни опасностите со кои се соочуваат.
– Досега, од јануари до крајот на јуни, имаме документирано 934 убиства, 684 повреди и 680 киднапирања низ главниот град. Во петдневниот период, од 8 до 12 јули, најмалку 234 лица беа убиени или повредени во насилства поврзани со банди во областа Сите Солеи, рече тој.
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче оди по бугарскиот пат, Филипче: Ние преговараме со Европа, не со Радев
-

ДУИ: Обединувањето на ВРЕДИ е очаен крик за политички спас
-

Подигнување на свеста за децата со атипичен развој
-

Недела на сестринството - Македонија се соочува со сериозен недостиг на медицински сестри
-

БРАКО и Грин Машинс на светскиот саем ИФАТ во Минхен
-

Вандализмот во Штип го „вклучи алармот“ во општината
-

Неопходна е регулаторна рамка за планинарската служба
-

30% од вкупниот отпад во Македонија завршува на диви депонии
