Балкан
9. јуни 2017 - 15:57

"Го извлековме нејзиното дете, но неа не можевме да ја спасиме" - две лица загинаа во поплавите

Две лица настрадаа во поплава во Вршац, каде децата едвај ги евакуирале од училиште.

- Имаше пола метро вода во училиштето. ецата вриштеа во паника. Со трактори ги вадевме преку прозорците на сигурно, ја опишува еден мештанин драмата.

Една сосетка ја однесе водата, се држеше за вратата од капијата, но залудно. Го извлековме нејзиното двегодишно дете, но неа не можевме да ја спасиме, вели соседот.

Трагедија го снајде и домот на 50-годишниот Боривое Оморца, кој најверојатно починал од инфаркт по преживеаниот стрес.