Македонија
22. December 2016 - 14:13

Го измамиле со болната ќерка: На битолчанец му зеле 15.000 евра за лекување

СВР Битола поднесе кривична пријава против Љ.Б. (42) и В.Б. (39), двајцата од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.
 
Во февруари 2015 година пријавените во два наврати го довеле во заблуда И.П. (56) од Битола дека наводно им се потребни пари за лекување на нивната малолетна ќерка.
 
На тој начин на оштетениот му предизвикале материјална штета од 900.000 денари.