Го фрлила хероинот низ прозорец, притвор за маж и жена од Велес за продажба на дрога
– Основното јавно обвинителство Велес донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица, на возраст од 39 и 36 години, осомничени за соизвршители на кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
Како што соопштија денеска од Јавно обвинителство на Република Северна Македонија, бидејќи постои опасност од повторување на кривичното дело, како и можност за бегство на осомничените, јавниот обвинител предложил да им биде определена мерка притвор. Судијата на претходна постапка од Основен суд Велес го прифатил предлогот и на осомничените им определи притвор во траење од по 30 дена.
– Осомничените маж и жена, кои живееле заеднички како вонбрачни партнери, во својот дом држеле наркотична дрога – 94,18 грама хероин во повеќе различни пакувања. При претресот на домот, осомничената преку прозорецот од куќата надвор исфрлила дел од наркотичната дрога, соопштија денеска од Јавно обвинителство на Република Северна Македонија.
Полицијата во куќата пронашла и други предмети кои укажуваат на намерата за илегална продажба на дрога и тоа една дигитална вага, пари, тетратка со записи за неплатени долгови од лица и платежни картички на име на различни лица.
Ново на Сител
-

Трамп: Ормуската Теснина е исчистена од мини, секој што ќе постави нови ќе биде уништен
-

Почина Доли Партон
-

Канада воведува нови царини за американските производи, трговската војна се заканува да ги погоди и Американците
-

Акција за отстранување хаварисани возила во општина Карпош
-

Лавров: Москва и Ватикан го зачуваа дијалогот заснован на заемна почит и доверба
-

ЦУК: Осум активни пожари, еден под контрола, а 14 се изгаснати
-

Федерер не планира враќање на тенисот
-

„ОпенАИ“ откри разгранета мрежа за влијание што ги прикривала руските траги
