„Global Firepower“: САД прва воена сила во светот, Русија втора, Македонија на 135 место
Според годишниот извештај на „Global Firepower“ во кој се оценува воената моќ на секоја земја, први на листата се САД, по што следуваат Русија, Кина и Индија.
Во топ десетте најсилни армии уште се и Јапонија, Јужна Кореја, Франција, Велика Британија, Пакистан и Бразил. Годишниот извештај ги оценува воените капацитети на државите, и тоа од разновидноста на оружјето и расположливата човечка сила, до географската локација и финансиската моќ, со цел да се утврди кои нации доминираат во светот според воената моќ.
Во анализата се проценуваат повеќе од 50 фактори Во регионот најголема воена сила е Србија, рангирана на 61 место во светски рамки. Веднаш зад Србија е Хрватска која е на 62-ро место.
Црна Гора е на 132 место, Албанија 115, Северна Македонија на 135, Косово на 140-то место од 142 земји земени предвид. Последни на листата се Исланд и Бутан.
Ново на Сител
-
Линеарно зголемување на пензиите – 250 евра за студентите
-
Мицкоски: СДСМ е изведувач на ДУИ
-
Сиљановска: Независните се дискриминирани
-
Меџити: Ќе имаме свој кандидат за Скопје
-
Локализиран пожарот во Преспа
-
Тема на денот со Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
-
Македонија ги живее најтоплите денови: Пикот на топлотниот бран утре и задутре
-
Покачувањето на пензиите и ваучерите за студенти минуваат низ собранискиот филтер