Главниот обвинител на Специјалното обвинителство на Косово во посета на Тирана
Главниот обвинител на Специјалното обвинителство на Косово, Решат Милаку, престојува во Тирана за проверка на две досиеја што сеуште се под истрага, а се однесуваат на исламскиот тероризам и недозволената трговија со дрога.
Милаку во Тирана имаше средба со обвинителот за тешки кривични дела на која беа разменети конкретни информации за антитерористичката акција во која се уапсени 16 лица во Косово и четири во Албанија. Во интерес на истрагата, што се смета за тајна, не се наведуваат детали од разговорите.
Двајца од уапсените во Косово се согласија да соработуваат и веќе го објасниле планот на ќелијата на ИД за тероритички напад на стадионот “Лоро Боличи“ во Скадар, каде требаше да се одигра фудбалскиот натпревар Албанија-Израел.
Второто досије, е поврзано со организацијата која се занимавала со меѓународна трговија со дрога, а беше разбиена во јули годсинава, кога беа уапсени 30 државјани на неколку земји, додека се уште се трага по други 23 лица.
Оваа криминална група шверцувала хероин на релацијата Турција-Македонија-Косово-
Во текот на акцијата во Албанија биле уапсени 14 членови на оваа организација, меѓу кои и тројца познати бизнисмени од градежнишвото. Во Косово, исто така, биле уапсени повеќе членови на групата, чија база била во Призрен.
Ново на Сител
-
76-годишна прилепчанка измамена за 380.000 денари - ја убедиле дека внука ѝ ќе оди во затвор
-
Оштетен автомобилот на скопјанка по тепачка со жена на Бит Пазар
-
Скопјанец нападнат од својот малолетен внук
-
Зеленски: Украина стори се што беше можно да ги отвори преговорите со ЕУ во јуни
-
СЗО: Медицинска помош не е влезена во Газа од израелското заземање на преминот Рафа, на 6 мај
-
Словачкото обвинителство побара притвор за напаѓачот на премиерот Фицо, судот за тоа ќе одлучува утре
-
УЈП ги потсетува граѓаните да ги проверат своите годишни даночни пријави за 2023
-
Тешко повредено едно лице откако српско возило излетало од автопатот Неготино - Демир Капија