Главната опозициска сила во Турција ќе побара денеска официјално поништување на референдумот

Главната опозициска сила во Турција, Народно-републиканската партија (НРП) ќе и достави денеска на Државната изборна комисија барање за поништување на референдумот, кој се одржа в недела.
Заменик-претседателот на НРП, Булент Тезџан изјави дека ќе ја поднесе жалбата до Комисијата во 14:30 минути по локално време.
НРП повика вчера за поништување на гласањето и изјави дека ќе го постави прашањето и до Европскиот суд за човекови права, доколку е потребно, по одлуката на Комисијата во последен миг да ги прифати како важечки гласачките ливчиња без печат.
Турскиот прмеиер Бинали Јилдирим изјави дека изјавите за неправилности се бесполезни напори да се фрли сенка врз резултатите од референдумот.
Според него, волјата на народот е јасна и дебатите за резултатите од референдумот се завршени.
Тој ја повика опозицијата да ги почитува резултатите од референдумот.
Ново на Сител
-

Побаран притвор за Стефан Богоев за поткуп од 1800 евра
-

Македонија меѓу петте најбрзорастечки економии во Европа
-

Тема на денот со министерката за финансии Кочоска
-

Мицкоски: Ќе победиме со разум, Филипче: Рефрендум за уставни измени
-

Побаран притвор за Стефан Богоев за поткуп од 1800 евра
-

Савески: Предметот „Мазут“ е во фаза на одлучување
-

Обвинителството со докази за инспекциски надзори, според одбраната тие се нерелевантни за пожарот
-

Не работеле во Институтот за јавно здравје ама си точеле бензин со картичка од ИЈЗ
