„Главата на Франц Кафка" - трета книга од едицијата „Прашки ракописи“

Издавачката куќа „Везилка 2011“ ја објави „Главата на Франц Кафка" - трета книга од едицијата „Прашки ракописи" на писателот Ристо Лазаров.
Претходно во оваа едиција беа објавени книгите „Цветаева во Прага" и „Незгасливите чешки пламени". Авторот најави уште седум книги во неговите „Прашки ракописи".
Во книгата, која содржи 40 поглавја, еден дел е посветен на преписката на Кафка со Милена Јесенска, која според многумина е меѓу најубавите љубовни преписки во дваесеттиот век.
- „Главата на Кафка" е кус документаристички приказ на животот и делото на Франц Кафка, за кого е речено и запишано дека ’Франц Кафка бил Прага и Прага била Франц Кафка’. Така е и сигурно ќе остане така. Патеките на животот на Кафка водат директно во срцето на старата престолнина на вечната река, соопшти „Везилка 2011“.
Ново на Сител
-

Сиљановска Давкова: Филипче направи грешка што не отиде на лидерска
-

Тема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка
-

Вработени во УЈП и сопственици на фирми испумпале скоро 5 милиони евра државни пари
-

Мицкоски: Законските измени за „Safe Сity“, ќе се гласаат на наредната седница во Парламентот
-

Јавна расправа за измените на КЗ во Парламентот
-

Mицкоски: Наскоро добри вести од САД
-

Владата одобри 10 илјади работни дозволи за странски работници
-

Нема одложување на второто полугодие – учениците се враќаат на настава во вторник
