Ѓулен повторно негира дека има каква било врска со убиството на амбасадорот Карлов
Муслиманскиот проповедник Фетула Ѓулен денеска повторно го осуди убиството на рускиот амбасадор во Турција, Андреј Карлов, и ги отфрли обвинувањата на турските власти дека зад ова убиство стои неговото движење.
Во видео пораката, што е доставена до агенцијата АП, Ѓулен ја обвинува турската Влада за клевета против неговото движење и предупреди дека е можно владата да посредува во други убиства и потоа за нив да ги обвинува неговите следбеници.
-Тие не можат да го убедат светот во таквите обвинувања, истакна муслиманскиот свештеник, кој живее во егзил во Пенсилванија,САД, а кого Анкара го обвинува и за организирање на неуспешниот обид за воен преврат во јули во Турција.
Амбасадорот Карлов во понеделникот беше убиен со пиштол од страна на поранешен турски полицаец додека, во една галерија во Анкара, држеше говор на отворање на изложбата на фотографии „Русија во очите на Турците“.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека овој полицаец бил поврзан со движењето на Фетула Ѓулен.
Свештеникот уште во понедленикот, само неколку часа по убиството, го осуди атентатот врз рускиот амбасадор во Турција, нарекувајќи го „гнасен чин на тероризам“ и ја повика турската Влада да го идентификува секој кој бил поврзан со напаѓачот, пренесоа британските медиуми.
„Со најсилни зборови го осудувам овој гнасен чин на тероризам“, напиша Ѓулен во своето соопштение.
Ново на Сител
-
Активни пожари во кумановските и селата од општина Старо Нагоричане Бељаковце, Стрезовце, Сув Ора и во Руѓинце
-
ЦУК: Во текот на изминатото деноноќие, се регистрирани 33 пожари на отворен простор
-
Осум млади луѓе приведени за тепачка среде Тетово, еден од нив е повреден
-
Приведени три лица од Ресен, прегазиле и физички нападнале полициски службеници
-
Гори борова шума во кривопаланечкото село Нерав
-
Камбоџа и Тајланд се обвинуваат меѓусебно за артилериски напади
-
Муцунски учествуваше на првиот состанок на Балканската платформа за мир во Истанбул
-
Приведени четири возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол