Ѓорѓиевски: Спасовски го третира МВР како партиски огранок

Оливер Спасовски е скоро три години на чело на МВР, а нема реализирано ниту една поголема акција за заплена на наркотици или сузбивање на насилен и организиран криминал.
Убиствата, запалените автомобили и грабежите станаа редовна појава во Македонија, а полицијата е парализирана заради политичките преместувања во службата. Спасовски врши чистка во МВР и ја партизира службата.
Спасовски ги крие податоците за процентот на реализација на кривичните дела, но затоа повикува долгогодишни професионалци кои со усна наредба се шиканирани и прераспоредувани, па сега ги принудува сами да се деградираат и да потпишат да бидат спуштени на пониско ниво во хиерархијата во службата.
Имаме сознанија дека 24 припадници на полицијата во изминативе неколку дена се подложени на тортура за да се самодеградираат. Уценети се сами да бараат прераспоредување на пониско ниво или како што им кажувале ќе виделе што ќе им се случи.
Спасовски го третира МВР како партиски огранок на СДСМ, само што штетата ја плаќаме сите и со нарушената безбедност и со парите на државата кои ќе треба да ги исплати за незаконските, политички смени и одлуки.
Имено ако во 2018 година бројот на тужби на вработени кон МВР по разни основи изнесувал 1200, само за првите 5 месеци во 2019 година бројот на тужби изнесува дури 3500. Тоа е скоро 1/3 од вработените во МВР.
Кој ќе сноси одговорност за ова? Колкава ќе биде штета што ќе треба да се исплати од Буџетот на Република Македонија, заради личните хирови на Спасовски?
Спасовски и Заев ја понижија полицијата и за тоа мора да има одговорност.
Спасовски и Заев мора да си заминат. Ова е вистински режим и тој треба час поскоро да биде сменет. Апелираме до полициските професионалци кои се под закана ги охрабруваме да не подлегнат на притисоците, да побараат правна заштита и да ги документираат незаконските постапки на Спасовски. Одговорност ќе има кога ќе се врати правната држава.
Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Брза интервенција на велешките пожарникари спречи проширување на пожар во семејна куќа
-

Активни 11 пожари и три под контрола
-

Претреси на повеќе локации во Тетово и Гостивар, пронајдени дрога, оружје и муниција
-

Кавадарчанец во полиција пријавил измама од 3.200 евра
-

Претреси на повеќе локации на подрачјето на СВР Битола, пронајдени дрога, оружје и муниција, приведени пет лица
-

„Безбеден град“ досега евидентирал 310.865 прекршоци, од кои 180.378 за возила со странски регистарски ознаки
-

Од утре пониски температури, локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-

Пет тинејџери загинаа во сообраќајка во Ирска додека се снимале како возат во спротивна насока на автопат
